Novalac млечните формули со нов состав
Промените се однесуваат на содржината на одредени масни киселини и има промени и во содржината на одредени витамини и минерали. На тој начин млечните формули се подобро прилагодени за потребите на бебињата.
Кои се промените во новиот состав?
Промените се однесуваат на содржината на одредени масни киселини: додадени се ДХА и АРА и прилагодена е содржината на одредени витамини и минерали (има повеќе витамини Д, К, Б1, Б2, Б6 и повеќе фолна киселина).
Зошто нов состав?
Промената на составот е утврдена со новата Европска регулатива 2016/127 за млечни намирници која стапи на сила во 2020 год. Од таа причина производителот го прилагоди составот. Содржината на ДХА е зголемена во повеќето млечни намирници, така што млечните формули се уште подобро прилагодени на специфичните потреби на доенчињата.
Кои информации се важни за родителите?
Како родители, при подготовка на млекото може да ги забележите следниве промени: млекото во прав ќе има малку поинаква боја, текстура, мирис и вкус. Исто така, млекото за време на подготовка можеби малку поинаку ќе се раствора или ќе пени. Ве уверуваме дека тоа е сосема нормално и во никој случај нема влијание на безбедноста или квалитетот на производот.
Веруваме дека и Вашето бебе брзо ќе се навикне на збогатениот вкус.
Главни разлики помеѓу стариот и новиот состав:
Често поставувани прашања при преминот на млечна формула со нов состав
- Дали преодот на новата формула е безбеден?
Преодот од стариот на новиот состав е комплетно безбеден и може да се спроведе веднаш, без преодни фази. - Моето дете го одбива новиот состав, што да направам?
Сосема е вообичаено децата да ги забележат и најмалите промени во составот, вкусот, мирисот или текстурата. Меѓутоа, бебињата на овие промени брзо се навикнуваат, се разбира доколку родителите се истрајни. - Колку долго трае навикнување на доенчето на новиот состав?
Зависно од детето, навикнување на новиот состав може да трае до неколку дена. - Дали старата формула треба да ја фрлиме?
Не мора, залихите можат да се потрошат до крај во зависност од рокот на употреба.
Како да знаеме дека сме купиле производ со новиот состав?
Производите со новиот состав се веќе на пазарот. Новите млечните формули Novalac се означени со налепница. Исто така ќе забележите и промени во ознаките на составот и дозирањето.
Дизајнот на пакувањето е исто така обновен и ги содржи сите ажурирани информации, како што се составот, дозирањето итн.
На што треба да се внимава за време на подготовка?
Упатствата за подготовка и дозирање се наоѓаат на задниот дел од пакувањето. Следете ги препораките за секоја млечна формула.
Наведените количини се само упатства за употреба. Соодветната количина на подготовка или одредување на индивидуални потреби на детето, е по препорака на педијатар или патронажна сестра.Дополнителни информации може да добиете на
Дополнителни информации може да добиете на info@novalac.mk.