Предности на производите Novalac
Целата палета на млечните формули Novalac се карактеризира со висок квалитет и клинички докажана ефикасност. Квалитетот на храната во исхраната на доенчиња е многу важен. Производите на Novalac се одликуваат со висок степен на безбедност во целиот процес на производство. При тоа се применуваат прописи за квалитет кои се дури и повисоки од пропишаните:
- строг избор само на најдобрите млекари
- контрола на храната на кравите кои го даваат млекото
- храна без брашно од животинско потекло.
- употреба исклучиво само на свежо млеко
- спречување присуство на загадувачи (диоксин, пестициди, нитрати...)
- адаптираните млека Novalac се во склад со сите европски и меѓународни прописи за храна за посебни медицински потреби и адаптирани млека за доенчиња
Сите состојки кои се наоѓаат во млечните формули Novalac потекнуваат од генетски немодифицирани извори. Адаптираните млека се припремаат така да ги задоволат сите нутритивни потреби на доенчиња и мали деца со што им обезбедуваат оптимален раст и развој.
На секоја лименка Novalac пред да биде испратена за продажба кон аптеките, се спроведуваат над 700 контролни тестирања. Физичката, хемиската и микробиолошката контрола на суровините, млекото, водата, опремата, постапките на подготовка и на готовиот производ е многу строга. Се ова обезбедува врвен квалитет во тек на целиот прцес на производство.
Млечните формули Novalac се произведуваат во Германија и Франција. Novalac е присутен на пет континенти во повеќе од 60 земји во светот.
Ефикасноста на млечните формули Novalac е потврдена со клинички студии
Млечните формули се клинички проверени и докажано ефикасни во решавањето на најчестите тегоби кај новороденчињата поврзани со варењето на храната, а тоа се:
Клиничките студии за млечните формули Novalac се единствени и јавно се достапни.
Новороденчињата добро ги прифаќаат млечните формули Novalac. Преминот од една на друга формула е едноставен поради истиот вкус на сите Novalac формули и поголемиот дел од новороденчињата не забележуваат промена на формулата.
Novalac само од стручни лица
Адаптираните млека Novalac се достапни само во аптеките каде е обезбедено правилно чување на производите пред да стигнат до потрошувачите. При купувањето во аптека родителите секогаш можат да се посоветуваат со стручно лице - фармацевт кои секогаш одговорно советуваат за правилен избор на адаптирано млеко за нивото малечко. Така родителите можат да бидат сигурни дека го избрале најдоброто за своето дете.
Квалитет на пакувањето
Адаптираните млека Novalac се пакуваат во лименки:
- 100% штитат од надворешни влијанија
- не пропуштаат вода, воздух, пареа и микроорганизми
- штитат од светлост
- секундарна амбалажа не е потребна, а лименката добро се рециклира
- одлично дихтување на капакот после првото отворање
- практична, хигиенска и едноставна употреба, прифатлива за потрошувачите