За кого е наменет Novalac AR?

  • Доенчиња кои често ја враќаат храната (повеќе пати на ден)
  • Доенчиња од раѓање до 6 месеци

Краток опис

Почетната млечна формула Novalac AR е прилагодена за доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната, од раѓање до 6 месеци.

Предности

  • Содржи лесно сварлив пченкарен скроб кој се згуснува дури во желудникот
  • Не го успорува варењето
  • Ја намалува изложеноста на хранопроводот на кисела желудочна содржина

Novalac AR млечната формула е прилагодена за исхрана на доенчиња кои имаат проблем со враќање на храната, од раѓање до 12 месеци, доколку мајките не ги дојат. Novalac AR ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата до 6 месеци, а за доенчиња постари од 6 месеци е дел од разновидната храна.

Враќање на храна (бљуцкање) или регургитација

Враќање на храната (бљуцкање) или регургитација е чест проблем кај доенчињата во првата година од животот кој се манифестира како неволно враќање на мајчиното млеко или млечната формула од желудникот во хранопроводот. Вообичаено се јавува веднаш или набрзо после оброкот (при подригнување), а поретко за време на спиење.

Кај доенчињата кои имаат проблем со враќање на храната се препорачува употреба на згусната млечна формула Novalac AR која го намалува враќањето на храната, а при тоа не го успорува варењето.

Novalac AR е единствена млечна формула која содржи пченкарен скроб за оптимално згуснување на храната во желудникот, со што се намалува враќањето на храната кај доенчиња. Поради киселата желудочна pH млечната формула Novalac AR се згуснува дури во желудникот, а не во шише, што овозможува непречено хранење на доенчето кога е приготвена млечната формула.

Иако храната се згуснува во желудникот не се успорува варењето, бидејќи пченкарниот скроб содржи 99% лесно сварлив амилопектин. Со употреба на млечната формула Novalac AR се намалува враќањето на храната и изложеноста на кисела желудочна содржина, кои би можеле да ја оштетат слузницата на хранопроводот.

Novalac AR ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчето: збогатена е со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува сите важни аминокиселини, минерали и витамини.

Novalac AR е дел од големата група на производи кои се прилагодени за доенчиња, со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.

Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.

Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac AR:

Возраст (месеци) 0-1 1-2 2-4 4-6 6-12 12-36
Број на оброци на ден 6 5 5 4 3* 2*
Број на дозерки за подготвување на еден оброк 3 4 5 7 7 8
Количина на вода (мл) 90 120 150 210 210 240

* како дел од разновидната исхрана

До врв наполнета и до раб израмнета дозерка содржи 4,3 g Novalac AR. Една дозерка се раствора во 30 ml вода. Дневната количина на храна и бројот на оброци треба да се прилагоди според возраста и потребите на доенчето. Доколку лекарот не Ве советува поинаку, следете ги препораките од табелата за дозирање.

  1. Секогаш подгответе свеж оброк.
  2. Чувајте на суво место, заштитено од светлина и топлина.
  3. Не го употребувајте после истекот на рокот на употреба втиснат на дното на лименката.
  4. После првото отворање на лименката содржината употребете ја во рок од 3 недели.
  5. После секоја употреба на лименката добро затворете ја.
  6. Не го чувајте неиспиениот оброк. Фрлете го остатокот.

 

Состав на млечна формула Novalac AR

Упатство за подготовка

Алергени

  • Обезмастено млеко
  • Соин лецитин
  • Лактоза

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист

Хранење со шише – кога и колку?

После раѓање на детето мајките се често загрижени и се прашуваат дали нивното малечко добива доволно храна. Најдобар показател за тоа е добивањето на тежина. Ако доенчето се храни со шише, мерењето на количината испиено млеко е поедноставно за разлика од доењето.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac