Novalac Allernova AR е диететска храна за посебни медицински потреби за доенчиња и мали деца кои имаат алергија на протеини на кравјо млеко и регургитација.
Novalac Allernova AR може да се употребува како единствена храна до 6 месеци. После 6 месеци млечната формула Novalac Allernova AR се употребува како дел од разновидната исхрана. Novalac Allernova AR е згусната храна, производ на хидролизирано кравјо млеко (казеин). Не содржи глутен и лактоза. Novalac Allernova AR ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата.
Алергија на протеини на кравјо млеко
Алергија на протеини на кравјо млеко се појавува во првите месеци од животот. Симптомите на алергија се манифестираат на сите органски системи, а во првата година првенствено се јавуваат на гастроинтестиналниот систем и на кожата. Најчест симптом кој е изразен на системот за варење е регургитација.
Лекување на пречувствителност на протеини на кравјото млеко вклучува целосно отфрлање на млечни белковини од храната на доенчињата, а за да се намали враќањето на храната (бљуцкање) се користи густа млечна формула. Вистинско решение за доенчињата со алергија на протеини на кравјото млеко е воведување на храна за посебни медицински потреби Novalac Allernova AR.
Novalac Allernova AR содржи хранливи состојки кои се потребни за правилен раст и развој на детето. Не содржи лактоза. Novalac Allernova AR (екстензивен хидролизат на казеинот) со додадаток на пченкарен скроб е единствена млечна формула на пазарот која може да реши два проблема одеднаш: ги олеснува симптомите на алергија на протеини на кравјо млеко и го намалува бљуцкањето.
Novalac Allernova AR ги содржи сите хранливи состојки, кои се потребни за правилен раст и развој на детето. Не содржи лактоза.
Novalac Allernovа AR може да го употребувате само под здравствен надзор. Не го користете како храна на здрави доенчиња. Novalac Allernova AR е контраиндициран кај галактоземија и/или малапсорпција на глукоза и галактоза.
Составот на специјалните млечни формули Novalac е во склад со европските стандарди за детска млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
Вообичаено дозирање на специјалната формула Novalac Allernova AR:
Возраст (месеци) | 0-1 | 1-2 | 2-4 | 4-6 | 6-12 | 12-36 |
Број на оброци на ден | 6 | 5 | 5 | 4 | 3* | 2-3* |
Број на дозерки за подготвување на еден оброк | 3 | 4 | 5 | 7 | 7 | 8 |
Количина на вода (мл) | 90 | 120 | 150 | 210 | 210 | 240 |
* како дел од разновидната исхрана
До врв наполнета и до раб израмнета дозерка содржи 4,5 g Novalac Allernova AR. Една дозерка се раствора во 30 ml вода. Дневната количина на храна и бројот на оброци треба да се прилагоди според возраста и потребите на доенчето. Доколку лекарот не Ве советува поинаку, следете ги препораките од табелата за дозирање.
- Секогаш подгответе свеж оброк.
- Чувајте на суво место, заштитено од светлина и топлина.
- Не го употребувајте после истекот на рокот на употреба втиснат на дното на лименката.
- После првото отворање на лименката содржината употребете ја во рок од 3 недели.
- После секоја употреба на лименката добро затворете ја.
- Не го чувајте неиспиениот оброк. Фрлете го остатокот.
Состав на млечна формула Novalac Allernova AR
Во постојаната желба за усовршување на млечните формули за доенчиња, како и грижата за доенчињата и нивна штопооптимална исхрана, производителот повремено одлучува да направи мали промени во составот, кои бебињата обично не ги чувствуваат.
Во секој случај,ве уверуваме дека ситеNovalac млечни формули за доенчиња на пазарот се одлични, квалитетни и прилагодени на потребите на доенчињата.
Различни состави може да се појават на пазарот уште некое време, но, како што ќе се трошат залихите, ќе се задржи само најновиот, дополнително изменет состав на млечните формули за новороденчиња Novalac Почувствителните бебиња може да ја забележат промената, но со малку трпение брзо ќе се навикнат. Грижата за безбедни и квалитетни производи е наш приоритет, и поради тоа со Novalac настојуваме да му ја пружиме најдобрата поддршка на вашето бебе. Сите Novalac млечни формули за доенчиња се во согласност со регулаторните барања. Промените не влијаат на ефикасноста на млечните формули за доенчиња.
Алергени
Хидролизирани млечни протеини