Novalac AC млечната формула е прилагодена за доенчиња со грчеви од раѓање до 12 месеци ако мајките не ги дојат. Novalac AC ги задоволува сите нутритивни потреби за доенчиња до 6 месеци, а за доенчиња постари од 6 месеци е дел од разновидната исхрана.
Колики
За стомачните грчеви, односно колики е карактеристичен неутешен плач на доенчето кој вообичаено се јавува повеќе последователни дена, во ист период (најчесто попладне и навечер). Доенчето не може да се смири, лицето му поцрвенува, се напнува и ги витка нозете кон стомакот. Причината може да биде недостаток на ензимот лактаза во тенкото црево. Бидејќи во тој случај дел од лактозата останува необработен и ферментира во тенкото црево при што се создава надуеност и гасови. Ако во организмот се внесе поголема количина лактоза која доенчето не може во целост да ја обработи во цревата, се зголемува создавањето на надуеност и гасови, и тоа се манифестира како непријатни грчеви, односно колики.
Novalac AC e единствена почетна млечна формула прилагодена за доенчиња со колики, со намалена содржина на лактоза која одговара на дигестивниот капацитет на тенкото црево со што се намалува создавањето на гасови и надуеност.
Novalac AC ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчиња: збогатена e со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува важните аминокиселини, минерали и витамини.
Novalac AC е дел од големата група на производи кои се прилагодени за доенчиња, со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac AС:
Возраст (месеци) | 0-1 | 1-2 | 2-4 | 4-6 | 6-12 | 12-36 |
Број на оброци на ден | 6 | 5 | 5 | 4 | 3* | 2* |
Број на оброци на ден | 6–7 | 5 | 5 | 5 | 4 | 4 |
Број на дозерки за подготвување на еден оброк | 3 | 4 | 5 | 7 | 7 | 8 |
Количина на вода (мл) | 90 | 120 | 150 | 210 | 210 | 240 |
* како дел од разновидната исхрана
До врв наполнета и до раб израмнета дозерка содржи 4,3 g Novalac AC. Една дозерка се раствора во 30 ml вода. Дневната количина на храна и бројот на оброци треба да се прилагоди според возраста и потребите на доенчето. Доколку лекарот не Ве советува поинаку, следете ги препораките од табелата за дозирање.
- Секогаш подгответе свеж оброк.
- Чувајте на суво место, заштитено од светлина и топлина.
- Не го употребувајте после истекот на рокот на употреба втиснат на дното на лименката.
- После првото отворање на лименката содржината употребете ја во рок од 3 недели.
- После секоја употреба на лименката добро затворете ја.
- Не го чувајте неиспиениот оброк. Фрлете го остатокот.
Состав на млечна формула Novalac AC
Во постојаната желба за усовршување на млечните формули за доенчиња, како и грижата за доенчињата и нивна штопооптимална исхрана, производителот повремено одлучува да направи мали промени во составот, кои бебињата обично не ги чувствуваат.
Во секој случај,ве уверуваме дека ситеNovalac млечни формули за доенчиња на пазарот се одлични, квалитетни и прилагодени на потребите на доенчињата.
Различни состави може да се појават на пазарот уште некое време, но, како што ќе се трошат залихите, ќе се задржи само најновиот, дополнително изменет состав на млечните формули за новороденчиња Novalac Почувствителните бебиња може да ја забележат промената, но со малку трпение брзо ќе се навикнат. Грижата за безбедни и квалитетни производи е наш приоритет, и поради тоа со Novalac настојуваме да му ја пружиме најдобрата поддршка на вашето бебе. Сите Novalac млечни формули за доенчиња се во согласност со регулаторните барања. Промените не влијаат на ефикасноста на млечните формули за доенчиња.
Алергени
Обезмастено млеко
Соин лецитин
Лактоза
Млечни протеини