За кого е наменета Novalac 1?

  • Доенчиња од раѓање до 6 месеци
  • Доенчиња без проблем со варењето

Краток опис

Универзалната почетна млечна формула Novalac 1 е наменета за доенчиња од раѓање до 6 месеци, доколку мајките не ги дојат или само делумно ги дојат новороденчињата.

Предности

  • Сите потребни состојки за раст и развој на доенчиња.
  • Додадени omega-3 и omega-6 масни киселини за оптимален развој на видот и мозокот на доенчињата.
  • Сите потребни витамини и минерали.
  • Збогатено со малтодекстрин, кој обезбедува подолга ситост на доенчето.

Novalac 1 е дел од големата група на производи кои се посебно прилагодени за доенчиња со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет. По навршување на 6 месеци се препорачува преминување на млечна формула Novalac 2.

Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детска млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (GMO), и не содржи глутен.

Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac 1:

Возраст (месеци) 0-1 1-2 2-4 4-6
Број на оброци на ден 6 5 5 4
Број на дозерки за подготвување на еден оброк 3 4 5 7
Количина на вода (мл) 90 120 150 210

До врв наполнета и до раб израмнета дозерка содржи 4,3 g Novalac 1. Една дозерка се раствора во 30 ml вода. Дневната количина на храна и бројот на оброци треба да се прилагоди според возраста и потребите на доенчето. Доколку лекарот не Ве советува поинаку, следете ги препораките од табелата за дозирање

  1. Секогаш подгответе свеж оброк.
  2. Чувајте на суво место, заштитено од светлина и топлина.
  3. Не го употребувајте после истекот на рокот на употреба втиснат на дното на лименката.
  4. После првото отворање на лименката содржината употребете ја во рок од 3 недели.
  5. После секоја употреба на лименката добро затворете ја.
  6. Не го чувајте неиспиениот оброк. Фрлете го остатокот.

 

 

Состав на млечна формула Novalac 1

Упатство за подготовка

Во постојаната желба за усовршување на млечните формули за доенчиња, како и грижата за доенчињата и нивна штопооптимална исхрана, производителот повремено одлучува да направи мали промени во составот, кои бебињата обично не ги чувствуваат.

Во секој случај,ве уверуваме дека ситеNovalac млечни формули за доенчиња на пазарот се одлични, квалитетни и прилагодени на потребите на доенчињата.

Различни состави може да се појават на пазарот уште некое време, но, како што ќе се трошат залихите, ќе се задржи само најновиот, дополнително изменет состав на млечните формули за новороденчиња Novalac Почувствителните бебиња може да ја забележат промената, но со малку трпение брзо ќе се навикнат. Грижата за безбедни и квалитетни производи е наш приоритет, и поради тоа со Novalac настојуваме да му ја пружиме најдобрата поддршка на вашето бебе. Сите Novalac млечни формули за доенчиња се во согласност со регулаторните барања. Промените не влијаат на ефикасноста на млечните формули за доенчиња. 

 

 

Алергени

  • Обезмастено млеко
  • Деминерализирана сурутка
  • Соин лецитин

Едноставни први оброци

После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителна храна (дохрана) кај доенчињата. Воведувањето на дохрана пред оваа возраст никако не се препорачува, бидејќи системот за варење кај доенчињата не е доволно развиен за да се бори со готовата храна. Исто така важно е и тоа да не го одложуваме предолго воведувањето на дохраната. Кај сите доенчиња со дохрана треба да се почне до 26 тата недела од животот.

Прочитај повеќе
Андреја Ширца Чампа
Андреја Ширца Чампа,
дипл. инж. прех. техн.
клинички нутриционист

Хранење со шише – кога и колку?

После раѓање на детето мајките се често загрижени и се прашуваат дали нивното малечко добива доволно храна. Најдобар показател за тоа е добивањето на тежина. Ако доенчето се храни со шише, мерењето на количината испиено млеко е поедноставно за разлика од доењето.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac