Алергија на протеини на кравјо млеко
Што е алергија?
Под поимот алергија се подразбира силна реакција (преосетливост) на имунолошкиот систем на одредена супстанција – алерген, кој инаку не е опасен за организмот. Се манифестира со алергиски знаци, односно симптоми кои можат да се појават веднаш по хранењето, односно при првиот контакт со храната или по неколку часа.
Алергиите на храна по правило не го следат човекот целиот негов живот. Кај децата вообичаено исчезнуваат помеѓу втората и четвртата година од животот. Алергиите на риба и кикирики обично траат подолго од алергиите на млеко и јајца.
Алергијата на протеини на кравјо млеко се развива во првите месеци од животот. Симптомите на алергија можат да се манифестираат на повеќе органски системи (систем за варење, кожа, систем за дишење).
Во првата година од животот првенствено се јавуваат симптоми како што се:
- општа вознемиреност на детето
- често плачење
- лошо напредување во телесната тежина
- дигестивни проблеми (пролив, повраќање, запек)
- симптоми на кожа (осип, чешање, црвенило)
- Лекувањето на алергија на кравјо млеко
- подразбира исклучување на млечните протеини од исхраната на доенчето.
Кој се може да има алергија?
Сите можеме да бидеме алергични на различни материи. Некои луѓе имаат поголема предиспозиција да развијат алергија. Важна улога имаат наследните фактори; ако алергијата е веќе присутна во семејството (родители, сестра или брат), поголема е можноста дека ќе ја има и детето.
Која храна може да предизвика алергија?
Поголем дел од продуктите може да предизвикаат алергиска реакција. Најчести алергени во храната се:
- кикирики
- јајца
- млеко
- јагоди
- морски плодови
Кравјото млеко и соините протеини се главни предизвикувачи на алергии кај деца помали од 6 месеци чии родители веќе имаат некои симптоми на алергија.
Лекарот ви препорачал млечна формула Novalac Allernova AR.
Novalac Allernova AR е храна за посебни медицински потреби. Тоа е специјална млечна формула прилагодена за исхрана на доенчиња со алергија на протеини на кравјо млеко и со регургитација.
Кај алергијата на протеини на кравјо млеко единствено решение е целосно исклучување на кравјото млеко од исхраната.
Novalac Allernova AR е згусната млечна формула која содржи екстензивен хидролизат на казеин . Тоа значи дека протеинот во кравјото млеко – казеин – е обработен со посебна постапка, и како таков (хидролизиран) повеќе не предизвикува алергиски реакции.
Ако лекарот за Вашето дете Ви препорачал млечна формула Novalac Allernova AR, доследно придржувајте се на неговите совети. На своето дете немојте да му давате било кој друг млечен производ без консултација со лекар.