Заштедете на пелени
Пелените едноставно се скапи, а трошење пари за нешто што брзо ќе го фрлите е бесмислено. Новороденчето дневно троши и до десет пелени, а за две години колку што обично децата носат пелени, трошокот се зголемува на 120 илјади денари ( ако станува збор за еднократни пелени ) или на 60 илјади денари (ако зборуваме за пелени кои се перат). Пелените може да бидат проблем за семејства кои не се финансиски обезбедени, па за нив купувањето на секоја пелена е добро пресметана.
Сепак постојат начини како можете да заштедите пари на пелени:
Размислете за памучни пелени за повеќекратна примена
Ако имате време и ако сте спремни многу да перете, оваа инвестиција ќе ви се исплати долгорочно. Ќе Ви требаат дваесетина пелени, но во рок од две години ќе потрошите дупло помалку пари за еднократни пелени. Ако ги употребувате и за другото дете, трошокот ќе биде многу мал. Освен тоа, овие пелени се помалку штетни за бебето и околината.
Користете купони, бонови, попусти, картици
Поголемите маркети и аптеки често на купувачите им нудат картици за лојалност со кои можете да собирате поени и потоа да ги искористите како замена за производ или попуст. Затоа е поисплатливо пелени да купувате секогаш од иста продавница.
Пробајте ги пелените на комерцијални брендови
Едноставно дајте им прилика, не е вистина дека таквите пелени се со лош квалитет, а се многу поефтини. Често ги произведуваат реномирани произведувачи.
Купете поголема залиха за време на попусти
Кога ќе наидете на големо намалување на цената на пелените, пробајте да купите колку можете повеќе. Меѓутоа, внимавајте да не купите преголема залиха на пелени кои Вашето дете брзо ќе ги одрасне пред да успеете да ги потрошите. Ако купувате пелени само тогаш кога ќе ви снема, најверојатно ги плаќате по повисока цена.
Купувајте поголеми пакување пелени
Маркетите често нудат купување на споени пакети и во поголем број на случаи таквото пакување има пола цена од поединечното пакување.
Не преминувајте пребрзо на следна големина на пелени
Колку се поголеми, пелените ги има во помал број во пакувањето и по парче се поскапи, а цената на пакувањето често е иста. Затоа, ако споредувате цена, правете го тоа по парче, а не по пакување пелени.
Пазете како ги ставате пелените
Пред да одлучите да поминете на нов поголем број пелени, проверете дали правилно ја ставате пелената. Ако вашето бебе обично го валка горниот дел, бидејќи моча во вис, пелената поткренете ја нагоре и поцврсто стиснете ја од предната страна. Ако детето почесто го валка задниот дел на пелената, има повеќе столици во текот на денот или се ретки, тогаш затегнете го задниот дел од пелената. Ако ни еден од овие трикови не го спречува мокрењето, тогаш е време за нова големина. Кога столицата и мокрачата излегуваат во пределот на нозете, тоа најчесто значи дека пелените се преголеми и треба да употребувате помал број.