Влијание на царскиот раз на мајката и бебето
Царскиот рез е се почест начин на породување. Ова на мајката и бебето влијае на различни начини, а најчест проблем е бавното заздравување на мајката после породувањето.
За бремените жени кај кои цела бременост била во ред и кои сакале да се породат по природен пат, царскиот рез може да биде големо разочарување. Меѓутоа, акушерите се определуваат за царски рез со одредена медицинска причина. Најважно е на крајот да се двајцата здрави, и мајката и новороденчето.
Најголема разлика помеѓу вагиналното породување и она со царски рез е тоа што новороденчето родено со царски рез не доаѓа во контакт со вагиналната микрофлора на мајката. Новороденчето родено со царски рез има друга цревна микрофлора и незрел имунолошки систем. Затоа може да имаат често инфекции, проблем со варењето, а можно е и појава на алергии.
Доколку доенчето е доено со мајчино млеко ги добива сите корисни бактерии и сите неопходни хранливи состојки кои се потребни за развој и раст. Ако доењето не е возможно за совет треба да се праша педијатар и фармацевт во аптека кое адаптирано млеко треба да се одбере.
Достапни се млечни формули за доенчиња кои содржат корисни бактерии (пробиотици) кои добро влијаат на развојот на имунолошкиот систем на доенчињата. Такви млека воедно содржат и други хранливи состојки за развој и раст на доенчето.