Воспоставување на доењето

Во текот на бременоста и доењето исхраната на мајката е многу важна бидејќи се храни и себе си и детето. Мора да избира намирници кои, исто како млекото, не го оптеретуваат бебето туку му обезбедуваат оптимален раст и развој. Истовремено мајката мора да се погрижи и за регенерацијата на нејзиното тело после породувањето. Нутритивните навики  за цел живот се стекнуваат уште во раната младост, затоа е многу важно мајката да почне да размислува за тоа многу порано, односно, најкасно во бременоста за да може да го воспитува детето преку својот пример.

Најдобро е да се започне со доењето веднаш после породувањето; во родилиштето ќе ви го препорачаат и ќе ви го овозможат првото доење во родилната сала. Раното доење е многу важно за успешно воспоставување на доењето, бидејќи во првиот час после раѓањето рефлексот за цицање на бебето е најсилен.

Совети за доење

  • Првото доење воспоставете го што побрзо после породувањето.
  • Во првите месеци ставете го бебето на градите секогаш кога ќе заплаче, најмалку осум пати на ден.
  • Кај доењето не постои  точно  време.  Ако  бебето повторно сака да цица за 10 минути или половина час после последниот оброк, ставете го повторно на градата, но тоа нека биде на истата како пред 10 минути или пред половина час.
  • При доењето бебето мора секогаш да биди со цело тело свртено кон мајката така што неговото уво, рамо и колк да бидат во права линија.
  • Градата држете ја со прстите од слободната рака, палецот нека ви биде над брадавицата.Внимавајте да не ја притискате ареолата околу брадавицата.
  • Бебето ставете го на градата додека устата му е широко отворена. Немојте да ја туркате градата накај детето, туку детето накај градата. Важно е детето да опфати што поголем дел од ареолата, а не само брадавицата.
  • Немојте да го ограничувате времетраењето на подоите.
  • Ви препорачуваме првите денови после породувањето да доите во лежечка положба.
  • Доколку доите во седечка положба, одберете удобна и опуштена положба.
  • При секој оброк доете на двете гради.  Важно е секој следен оброк да го започнете со онаа града со која сте го завршиле претходниот.
  • Ако имате премногу млеко немојте да се измолзувате со пумпа за млеко. Со тоа само ќе ја зголемите количината на излачено млеко. Измолзете само онолку млеко колку да не чувствувате притисок во градите, а со тек на време таа количина ќе биде во склад со потребите на бебето.
  • Составот на млекото е таков да прво тече разводнето млеко чија намена е да ја задоволи жедта кај бебето. Потоа почнува да  тече погусто млеко кое го храни детето, а на крај се лачи најгустото млеко кое е како десерт после оброкот.

Што да направите ако доењето не оди според планот?

Стручните лица се согласни во многу малку теми, а една од нив е и користа од доењето. Доењето е најприродниот и најквалитетниот начин на хранење на новороденчето кој добро влијае на неговиот психички и физички развој. Мајчиното млеко содржи многу корисни состојки за раст и развој на новороденчето.

Секоја трудница се надева дека ќе му го пружи најдоброто на своето бебе, односно ќе може да го дои своето малечко. Првите подои во родилиштето најчесто не се така пријатни и едноставни како што мајката си ги замислувала на почетокот. Потребно е многу трпеливост, издржливост и среќа бидејќи потребно е време за доењето да се воспостави. Некои мајки и покрај сè, не можат или не смеат да дојат. Во такви случаи на располагање имаат квалитетно адаптирано млеко кое ќе го нахрани новороденчето и ќе му овозможи сè што му е потребно за правилен раст.

Родителството не претставува само начин на хранење туку опфаќа многу повеќе: љубовта која безрезервно му ја даваме и му ја покажуваме на своето дете, нашето време поминато со него, поддршката која му ја даваме и многу многу, повеќе.


Во врска со изборот на адаптирано млеко за новороденчето обратете се кај вашиот фармацевт во аптека. Тие ќе ве посоветуваат кое е најсоодветно млеко за вашето новороденче, а вие опуштете се и препуштете се на убавината на родителството.

Во текот на доењето ќе ви помогне...

  • маст за повредени брадавици (посебно во првите недели на доење)
  • блазници за гради (може да изберете такви кои се перат, платнени или оние кои се за еднократна употреба)
  • силиконски брадавици
  • неколку парчиња удобнадолнаоблека за доење
  • удобна перница за доење
  • неколку тетра пелени за помош при бљуцкање
  • пумпа за измолзување

…ако не сте во можност да доите, за дохрана ви е потребнo:

  • 2 шишиња
  • цуцли за шишиња
  • прибор/четка за чистење шишиња или стерилизат
  • термос
  • адаптираномлеко
  • сад за приготвување на млеко во прав

Aлергија или неподнесување на лактоза?

Неподнесувањето на кравјо млеко е релативно чест проблем кај деца. Меѓутоа, не е исто ако Вашето дете има алергија или интолеранција.

Прочитај повеќе
Тајана Вурт
Тајана Вурт,
Стручен соработник за Novalac
Статии за правилна исхрана на доенчиња