6 митови за појавата на алергии кај доенчиња и деца
Секој осип кај детето е последица на алергија… Мит или вистина? Ова е само една од вообичаените заблуди што кружат меѓу луѓето, кои обично не се точни. Прашања и дилеми се јавуваат особено кај родителите за време на растењето на децата, а исто така и за време на бременоста. Во продолжение, специјалист за педијатрија, алерголог, д-р Ања Корен Јеверика, презентира и решава шест вообичаени митови за алергии кај доенчиња и деца.
1. мит: Диетата за време на бременоста и доењето ќе ја намали можноста за развој на алергии на храна
Овој мит не е точен! Во моментов, немаме докази дека ова би можело да биде вистина, затоа што за време на бременост и доење, превентивно не се препорачува диета без алергени како што се јајца, млеко и кикирики. Бремените жени треба да јадат што е можно поразновидна и здрава храна, а на мајките што дојат им се препорачува да држат диети само кога ќе се докаже дека детето е алергично.
2. мит: Секој осип е последица на алергија
Овој мит не точен! При појавата на осип најчесто е присутна инфекција, односно заразна болест или тоа е некој друг вид осип на кожата што обично не е поврзан со алергија на храна или било која друга супстанца.
3. мит: Секој гастроинтестинален проблем е алергија на храна
Овој мит не е точен! Дури кај 80% од новороденчињата има појава на запек, колики и враќање на храната. Кај повеќето од нив тоа не е алергија на храна, меѓутоа, на некои бебиња им помага диета без млечни протеини, односно консумирање на т.н. хипоалергени млечни формули или хидролизати, а најдобри се екстензивните хидролизати.
4. мит: Диетата ќе го излекува атопичниот дерматитис
Овој мит не е точен! Другите фактори се почести причинители на атопичен дерматитис отколку храната, како што се инфекции, сув воздух, потење и психички стрес. Повеќето деца со атопичен дерматитис, особено кај лесните форми, воопшто немаат алергии на храна, така што диетата нема да има поголем ефект.
5. мит: Дете со алергија на кравјо млеко може да консумира козјо или овчо млеко и млеко без лактоза
Овој мит не е точен! Дури 90% од децата кои се алергични на кравјо млеко, исто така, ќе имаат реакција на козјо или овчо млеко. Со други зборови: дете кое консумира козјо млеко без потешкотии, најверојатно не е алергично на кравјо млеко. Млекото без лактоза исто така не е соодветно за алергии на протеини од кравјо млеко. Значи, ако детето лесно консумира млечни производи без лактоза, тоа сигурно не е алергично на млеко.
6. мит: Дете со алергија на кикиритки може да консумира јаткасти плодови кои растат на дрво
Овој мит не е точен! Тоа се два различни алергени. Кикириките се мешунки и растат под земја, а оревите растат на дрвјата. Примери на јаткасти плодови (кои растат на дрво): лешници, бадеми, ореви, индиски ореви, бразилски ореви, ф’стаци, макадамија и американски ореви или пекани.