Првите запчиња на Вашето бебе
Детскиот плач на секоја мајка и претставува грижа. Се прашува дали детето е гладно, поспано, мокро или можеби го мачи нешто друго. Плачењето на децата често се поврзува и со никнување на запчиња, што за доенчињата може да биде многу напорно. Кога ќе почнат да никнуваат првите запчиња Вашето дете и вие станувате поосетливи. Во овој период детето ќе има желба да става во уста се што му доаѓа при рака. Со никнување на забите почнува и зголемено лачење на плунка.
Никнувањето на забите е долготраен процес. Кај некои деца првите запчиња никнуваат уште пред да наполнат 4 месеци, а кај други тој процес може да трае и 12 месеци или повеќе. Секое дете е приказна за себе, така да секој има свој ритам на никнување на забите. Најчесто како прв заб никнува долната прва млечна единица. Сите 20 млечни заби никнуваат до втората или најкасно третата година од животот.
Кога запчињата продираат низ непцата, гингивалните ткива се повредени, непцата потекуваат, а се тоа е пропратено со зголемено лачење на плунка и болни непца. Кога детето почнува прекуемерно да лачи плунка, важно е изгубената течност да ја надокнадите со вода, а кога има надразнети непца, ќе му помогне гумена глодалка за заби или Gengigel Први запчиња.
Gengigel Први запчиња ќе ги смири болните и отечени непца на вашето бебе. Рамномерно, со чисти прсти нанесете го гелот на болните непца и нежно втријте го, повеќе пати на ден (3 до 5 пати). Генгигел Први запчиња има пријатен млечен вкус, не содржи алкохол, шеќери, вештачки бои или конзерванси. Гелот содржи хијалуронска киселина, која е природна состојка во нашите непца и безбедна е за употреба. Ако детето изеде мала количина од гелот, таа нема да се ресорбира во организмот туку ќе се излачи од телото по истиот пат како храната.
Кога запчињата ќе никнат, Gengigel Први запчиња можете да го употребувате како помош:
- кај повредени непца после паѓање на млечните заби
- кај воспалени непца кои крварат од различни причини
- кај рани и афти во устата
Никнувањето на запчиња е напорно и за децата и за родителите, а кога Вашето бебе ќе се насмее, со запчиња или без нив ќе заборавите на сите проблеми во тој период.