Подготовка на Novalac

ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ

Шишенцето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.

Водата за припремање на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.

Водата во садот оладете ја до 40 °C и ставете ја во шишенцето.

Во шишето ставете го препорачаниот број на мерици млеко.

Шишенцето затворете го и добро измешајте за прашакот потполно да се раствори.

Подготвениот оброк оладете го да стане млак (37 °C) односно додека на кожата не осетите ни топло ни ладно.