Како да го смирите плачењето?
Плачот е единствен „говор„ на доенчето бидејќи само така може да ја изрази својата нелагодност. Можеби плаче зошто е гладно, уморно, мокро, осамено, поспано, нешто го боли или едностано му се потребни родителите во негова близина. Меѓутоа детето никогаш не плаче како би ги манипулирало или уценувало родителите. Затоа е многу важно родителите да реагираат на плачот на детето. Докажано е дека доенчињата кои родителите ги оставаат да плачат, не плачат помалку туку се повеќе. Освен тоа, премногу се поврзуваат со родителите и не стануваат самостојни за брзо време.
Плачот кај најмалите е сосема обична физиолошка појава. Тоа е еден од најјаките знаци со кој новороденчето го искажува своето расположение. Обично мајките повеќе реагираат на плачот на доенчето и се обидуваат да го смират на разни начини (земање во раце, доење, лулање и зборење).
Некои бебиња плачат почесто, четири или пет пати на ден по 20 до 30 минути, а други само навечер и во текот на ноќта. Кога родителите го смируваат своето дете се чувствуваат добро, а истовремено и детето е задоволно. Колку почесто родителите реагираат на плачот, толку подобро ги разбираат неговите знаци. На тој начин детето учи да плаче помалку.
Зошто доенчињата плачат?
Причините за плачење кај доенчињата може да бидат различни:
- Глад: Најчеста причина за плачење бидејќи гладот за доенчето значи болка. Ако родителите не реагираат на неговиот плач, ќе го појача.
- Жед: Доенчињата често плачат и кога се жедни, особено кога воздухот во домот е сув и топол.
- Умор: Доенчето плаче кога е уморно бидејќи за него тоа е непријатно. Најчесто плачат пред спиење.
- Нешто му смета: Причини за нерасположение може да бидат мокра пелена, воспаление на газето, или кога му е ладно или топло.
- Досада: На почеток на новороденчето му е тешко да биде само. Потребно му е друштво и луѓе во негова близина кои би го вклучиле во секојдневието.
- Лутина и незадоволство: Доенчето брзо расте и напредува па се лути кога нешто не може да направи само.
- Страв: Обично тоа е од различни нешта - нови предмети, необични звуци или непознати лица, но многу брзо се престрашува.
- Болка: Кога доенчето плаче многу и со ништо не може да се смири, можеби нешто го боли. Бидејќи сеуште не знае да покаже каде го боли, тешко е да се најде местото. Ако доенчето плаче повеќе од 3 часа на ден, секогаш во попладневните или вечерните часови и тоа се повторува повеќе од 3 дена неделно можеби станува збор за грчеви. Детето грчевито плаче, ги витка нозете кон стомакот и со ништо не може да го смирите. Ако детето не е на доење може да му помогнете со млечната формула Novalac AC.
Како да смирите доенче кое плаче?
Некои деца многу плачат и тешко е да ги смирите, но тоа не е причина за грижа. Важно е да реагирате на плачот на бебето. Родителите со тек на време учат да го препознаат значењето на плачот и правилно да му помогнат на своето дете.
Неколку совети како да смирите доенче кое плаче:
- Дајте му да цица, па макар и само за утеха
- Понудете му цуцла
- Сменете му пелена и облека
- Подигнете го на рамо во исправена положба
- Пејте му
- Лулајте го
- Ритмички тапкајте го по грбот или газето
- Завиткајте го во ќебенце
- Избањајте го со топла вода
- Застанете со него пред огледало
- Заиграјте со него, со или без музика
- Возете го со количка или кола неколку километри
- Ставете го да лежи на грб и правете му кружни движења со нозете како би ги истиснало гасовите
- Легнете го на стомак на својата подлактица и лулајте го додека одите
Секогаш може да се најде начин на кој ќе го смирите вашето дете освен ако причината не е тешка болест или пореметување. Најверојатно нема родител кој не добил совет да го остави детето да се исплаче. Таквите совети е најдобро да ги игнорирате. Ако родителите свесно станат неосетливи на знаците од своите деца и не реагираат, постапуваат обратно од она што е природно.
Плачењето со тек на време ќе престане да им смета, а со тоа ќе изгубат доверба во знаците на своите деца и веќе нема да го разбираат нивниот основен јазик.