Како да ги облекувате бебињата на ладно време
Бебињата не знаат да зборуваат, така да не можат да Ви кажат дали им е ладно или топло. Ви даваме неколку совети за да знаете дали на бебињата им е удобно.
Облечете го бебето слоевито
Ако се прашувате како да го облечете бебето, нашиот совет би бил – исто како и себе само додадете уште еден слој повеќе, така ќе знаете дали на бебето му е топло или ладно (исто како и на вас). Но не заборавајте штом ќе влезете во затворен простор или на пример во затоплен автомобил, дури и ако треба да го разбудите соблечете им го дополнителниот слој на облека. Капата, шалот и ракавиците секогаш отстранете ги дури и за краток престој во некоја просторија.
Слоевитото облекување е најпрактично бидејќи можете лесно дел по дел да го отстраните. Покрај тоа неколку слоеви се полесни за бебето отколку две подебели алишта.
Практични и удобни се зимските алишта исполнети со пердуви или со нешто слично на пердуви. Капата е неопходна дури и ако се носи од мода бидејќи во голема мера помага телото да остане топло (дури 25 проценти од топлината на телото се губи преку главата). Рацете заштитете ги со ракавици, а нозете со чорапи и чизми.
Прекумерната раздразливост, немир и плачење може да укажуваат дека детето не се чувства удобно.
Дали на бебето му е претопло или ладно можете лесно да проверите со допир на задниот дел на вратот или грбот. Ако кожата е испотена и топла, бебето е веројатно премногу топло облечено; соодветно ако кожата е ладна, треба да се додаде слој на облека или да го покриете.
Не грижете се ако рацете и нозете на бебето се ладни. Ладните раце и нозе укажуваат на тоа дека бебето сеуште нема развиена терморегулација, односно поради неизбалансирана терморегулација крвта оди во другите органи. После 6 недели кај бебињата родени во термин, центарот за терморегулација се развива, а прстите постепено ќе се затоплат кога бебето ќе почни да ги движи.
Дали е подобро кога е многу ладно да останете дома?
Ладното време не треба да ве спречи да го изнесете бебето надвор. Свежиот воздух придонесува за подобра здравствена состојба – колку е поладно, толку помалку причинители на болести има. За почеток доволни се 10 до 20 минути. Се зависи од возраста. Новороденчето не треба да оди на прошетка ако температурата е под 10 °C. После навршени 30 денови од раѓање препорачуваме до половина час на отворено доколку температурата е над нула. Во случај на ветар и магла подобро е прошетката да ја одложите.
Кога сте надвор од дома, земете со себе и резервна облека за да го промените бебето ако забележите дека облеката е влажна или додадете уште еден слој на облека доколку бебето е ладно.