Дали знаете зошто вашето бебе плаче?
Дали може да замислите колку би било добро да го разбирате говорот на вашето бебе (плачењето) и секогаш да знаете што детето сака, што му смета, што го боли и како се чувствува? Веруваме дека тогаш животот на многу родители би бил полесен и поопуштен. Иако целосно не го разбираме плачот на бебето, сепак со помош на внимателно слушање и искуство можеме да научиме добро да го разбираме. Совет: висината, звукот и времето на плачење може да ни кажат многу работи.
Одговорете го тестот и подобрете ги своите способности за разбирање на бебешкото плачење.