7 работи кои најчесто ги загрижуваат мајките на новороденчињата
Главата на моето бебе изгледа чудно
Очекувавте слатко бебе со округло главче, црвени обравчиња, но вашето новороденче неколку дена после породувањето не изгледа баш така. Ако главата на бебето e со малку неправилен облик (издолжена), тоа е затоа што најверојатно бебето било притиснато во вашата карлица неколку часа. Бидете трпеливи и таа наскоро ќе го добие својот правилен облик.
Рацете и нозете на моето бебе се ладни
Пред да започнете со претерано затоплување на станот или пред да го завиткате бебето во уште едно ќебе, проверете го неговиот граден кош. Ако кожата на тој дел од телото е топла и розова, на вашето бебе не му е ладно. Бидејќи неговиот крвоток сеуште се развива, повеќе крв има во неговите витални органи, а помалку во екстремитетите. Прилагодувањето на крвотокот на бебето надвор од животот во матката може да потрае и до 3 месеци.
Моето бебе има црвенило на устата
Кај голем број новороденчиња поради интензивно цицање (доење или од шише) на усните често им се појавува црвенило. Црвенилото на бебето не му предизвикува непријатност туку му овозможува зацврстување на усните за полесно цицање.
Дишењето на моето бебе е чудно
Голем број на нови родители во текот на ноќта повеќе пати го проверуваат начинот на дишење на бебето. Често се случува бебето во текот на дишењето да направи кратка пауза, а потоа некое време да дише забрзано. Паузите до 20 секунди се сметат за нормални. Правилен ритам на дишење бебето треба да развие до 6 недели старост.
Моето бебе често кива
Дали веќе добивте совет од повозрасно лице добро да го облечете своето бебе бидејќи кивнало? Не грижете се, бебињата често киваат, но не затоа што имаат настинка или се болни. Бебињата едноставно така го чистат носот и дишните патишта од честичките во воздухот.
Столицата на бебето е течна
Бебињата кои се на доење имаат зрнеста столица со темно жолта боја како сенф кој е течна и еднолична. Бебињата кои се хранат со адаптирани млечни формули имаат поцврста кафеава столица. Некои бебиња имаат столица повеќе од 10 пати во текот на денот, а некои само неколку пати дневно, и двете ситуации се нормални доколку бебето добива на тежина и се чувствува добро.
Моето бебе секогаш е гладно
Првата недела после породувањето можеби ќе имате чувство дека постојано го храните вашето бебе. Бебињата кои се на доење се хранат почесто затоа што мајчиното млеко е лесно за варење во дигестивниот систем. Бидејќи имаат мал желудник, бебињата не можат одеднаш да изедат многу. Покрај тоа многу брзо растат и се развиваат па им е потребно многу енергија. Во првите шест месеци тежината на бебето треба да се дуплира, а до крајот на првата година треба да се зголеми за 3 пати повеќе од родилната тежина. Не грижете се ако имате проблеми при доењето. За среќа постојат квалитетни адаптирани млечни формули кои се достапни во аптеките. Фармацевтот во аптека ќе ви објасни кое млеко најмногу Ви одговара за вашето бебе. Повеќе информации можете да најдете и сами во каталогот Novalac.