Втората година на детето
Ох, колку брзо порасна Вашето мало бебе, нели? Вашиот дом беше исполнет со смеа, првите чекори и зборчиња, безбројни прегратки и бакнежи. Воведување на храна беше и сеуште е вистинска авантура. Исто како и родителството. Вашето малечко и Вие како родители станувате понезависни и самоуверени.
Здравиот начин на исхрана треба да се учи уште во детство, бидејќи тоа влијае на квалитетот на животот во иднина. Запомнете, основата на секоја здрава исхрана е разновидноста, умереноста и рамнотежата. И сега, првите 1000 дена речиси се завршени...
Клучните хранливи материи и нивната улога во развојот на детето.
- Фолна киселина
- Железо
- Омега-3 масна киселина ДХА
- Витамин Д
- Протеини
- Витамини од групата Б
- Витамин Б1 (тиамин) неопходен е за работата на нервниот систем;
- Витамин Б2 (рибофлавин), Б6 (пиридоксин) и Б9 (фолна киселина) имаат различни важни улоги во метаболизмот на хранливите материи во организмот;
- Витамините Б3 (ниацин), Б5 (пантотенска киселина) и Б7 (биотин) се важни за правилно функционирање на варењето и за разградување на хранливите материи од храната;
- Витамините Б9 (фолна киселина) и Б12 (кобаламин) се вклучени во создавањето на црвени крвни клетки кои се неопходни за снабдување на организмот на мајката и детето со кислород.
- Цинк
- Витамин Ц
- Калциум
Фолна киселина
Зошто е важна за време на бременост?
Во првите 4 недели од бременоста е неопходна за правилно затворање на невралната цевка која претставува дел од фетусот кој се развива во мозок, 'рбетен мозок, задниот дел на черепот и пршлените.
Жената дознава дека е бремена најчесто во 4-та недела, затоа таа мора да обезбеди доволен внес на фолати уште за време на планирањето на самата бременост. Подоцна, фолатите се многу важни за формирањето на крвните зрнца и коскената срцевина, а за време на доењето мајката превенира појава на анемија со земање на фолна киселина.
Што е фолат или фолна киселина?
Фолатот припаѓа во групата на витамини Б, посебно на Б9. Од друга страна, фолната киселина е синтетички добиен облик на витамин Б9, кој често се користи за замена на фолати со додатоци во исхрана, кога внесот на фолати е особено важен и зголемен.
Намирници кои содржат фолна киселина
Добри извори на фолати се зелениот зеленчук, особено лиснатиот зеленчук како спанаќ и зелена салата, потоа домати, мешунки, јаткасти плодови, портокали, семиња од пченица, интегрални производи, компир и јајца.
На што треба да внимаваме?
Дневните потреби за фолати кај бремените жени и доилките се зголемени и изнесуваат 600 µg. Бидејќи е тешко да се задоволат зголемените потреби со редовна исхрана, експертите препорачуваат дополнително внесување на фолати преку додатоци во исхрана.
Сепак, не се сите додатоци на фолна киселина исти. Одредени поразвиени додатоци во исхрана содржат фолна киселина во активна форма. Тоа значи дека внесувањето на фолна киселина во организмот не мора да поминува низ процеси кои ќе ја направат “корисна“ туку веќе се консумира во активна форма. На овој начин, организмот комплетно ја искористува фолната киселина. Покрај избор на производ со активна фолна киселина, исто така е важен и квалитетот на производот. Секогаш можете да се консултирате со Вашиот гинеколог или фармацевт во аптека од кои ќе добиете стручен совет.
Доколку земеме поголема количина на фолна киселина, вишокот на фолна киселина се излачува преку урина. Вкупната безбедна доза изнесува 1000 µg.
Железо
Зошто е важно за време на бременоста?
За време на бременост, железото помага за здрав физички и ментален развој на фетусот и за формирање на плацентата. Потребите за железо кај бремената жена се зголемени за 20%. Недостаток на железо во бременоста го зголемува ризикот од предвремено породување и ниска телесна тежина при раѓање. Многу е важно дневниот внес на железо кај здрава бремена жена да биде приближно 16 мг/ден.
Што е железо?
Железото е минерал кој има важни функции во организмот, како што е пренос на кислород и формирање на црвени крвни зрнца.
Намирници кои содржат железо
Црвено месо (говедско, јагнешко), внатрешни органи, мешунки (леќа, грав, грашок), јаткасти плодови и семиња, производи од интегрални житарици, анасон, зелка.
На што треба да внимаваме?
Кога станува збор за железото, важно е дневниот внес да биде приближно 16 мг/ден, бидејќи преголем внес на железо може да предизвика предвремено породување или помала телесна тежина кај детето при раѓање. Преголем внес на железо преку храна е практично невозможен. Сепак, треба да внимаваме, особено кога се користат лекови со поголеми дози на железо.
Омега-3 масна киселина ДХА
Зошто ДХА е важна за време на бременоста?
Внесот на ДХА преку мајката помага за нормален развој на мозокот и видот на детето. Недостаток на ДХА може да доведе до зачестеност на алергии, атописки дерматитис и астма кај детето, но исто така може да се зголеми и ризикот од предвремено породување.
Што е омега-3 масна киселина ДХА?
Масните киселини учествуваат во изградбата на клеточните мембрани и бројни хормони. Тие исто така претставуваат важен извор на енергија. Омега-3 масни киселини се есенцијални масни киселини, што значи дека организмот не може да ги произведе и затоа е потребно да ги внесеме преку соодветна исхрана.
Намирници кои содржат омега-3 масни киселини
Омега-3 масни киселини и омега-6 масни киселини се наоѓаат во мајчиното млеко, растителните масла (на пр. масло од репка, масло од орев, ленено масло), јаткасти плодови (на пр. ореви) и семки. ДХА исто така се наоѓа и во рибино масло или морски риби богати со масти.
На што треба да внимаваме?
Се препорачува бремените жени кои не консумираат (редовно) морска риба богата со масти, дополнително да земаат додатоци во исхрана богати со ДХА.
Витамин Д
Зошто е важен за време на бременост?
Поради забрзаниот раст на детето, исклучително е важен во бременоста, но има и главна улога во градбата на коските, мускулите и забите. Исто така, го зголемува имунолошкиот одговор во борбата против инфекции, ги штити нервните клетки во мозокот, позитивно влијае на кардиоваскуларниот систем и штити од одредени малигни заболувања. При недостаток на витамин Д за време на бременоста може да се зголеми склоноста кон инфекции, покачување на крвниот притисок и да се зголеми ризикот од предвремено породување.
Што е витамин Д?
Витаминот Д е растворлив во масти, што значи дека во телото се складира во залихи. Најчесто го добиваме со изложеност на сончевите UV-B зраци. Ние добиваме само 10 % на витамин Д преку исхрана.
Намирници кои содржат витамин Д?
Морски риби богати со масти како што се бакалар, јагула, скуша или туна, потоа млеко, путер, жолчка, квасец, авокадо и говедски црн дроб.
На што треба да внимаваме?
Предозирање со витамин Д е можно само доколку долготрајно се внесуваат препарати со витамин Д.
Протеини
Зошто се важни во првата година на бебето?
Протеините играат клучна улога во метаболните процеси и се од фундаментално значење за растот и развојот на детето. Потребата за протеини во првите месеци од животот е најголема, а се намалува до 2 годишна возраст. Мајчиното млеко претставува најдобра исхрана за бебето бидејќи содржината и составот на протеините се прилагодува на потребите на бебето при различна возраст. Мајчиното млеко покрај тоа содржи и протеини кои го поддржуваат имунолошкиот систем и ги штитат децата од инфекции. За мајките кои не можат да дојат, содржината на протеини во млечните формули е оптимално прилагодена според Европските упатства за исхрана на доенчињата.
Што се протеини?
Протеините се основни градбени единици на различни ткива, на пример мускулите и органите. Покрај тоа, потребни му се на организмот за производство на хормони или други телесни преносители на пораки, а исто така учествуваат и во имунолошкиот одговор. Најмалите молекули од кои се изградени протеините се аминокиселини. Некои аминокиселини се есенцијални, што значи дека телото не може да произведе и мора да се внесуваат дополнително со храна.
Намирници кои содржат протеини
Животински производи (на пр. обезмастено млеко и млечни производи, немасно месо, риба, јајца), но исто така и растителни намирници кои се богати со протеини (на пр. мешунки, житарици, семки, јаткасти плодови).
На што треба да внимаваме?
Скоро сите протеини може да предизвикаат алергија. Најчести се алергии на протеини од кравјо млеко, белка од јајце или соја. Доколку не можете да доите и Вашето дете има алергија на кравјо млеко, потребна му е посебна млечна формула со екстензивно хидролизирани протеини или амино-киселинска формула. Кај двете формули, протеините се поделени на помали молекули и на тој начин не предизвикуваат алергиска реакција. Поголем ризик за појава на алергии кај децата постои доколку роднина од прво колено на детето (мајка, татко, брат или сестра) има алергија на намирници или алергија на инхалирани антигени, вклучувајќи ги на пр. алергија на влакна од животни, трева, житарки, домашна прашина итн.
Витамини од групата Б
Зошто се важни во првата година на бебето?
Секој од овие витамини има специфична улога во човековиот организам. Повеќето од овие витамини, со исклучок на витамин Б12, не можеме да ги складираме во организмот и поради тоа мораме редовно да ги внесуваме со храна.
Што претставуваат витамини од групата Б?
Витамините од групата Б се растворливи во вода кои го регулираат метаболизмот на јаглените хидрати, масти и протеини. Групата на витамини Б се состои од осум витамини. За разлика од витамините растворливи во масти, овие витамини не можат да се складираат во организмот и можноста за недостаток на овие витамини е значително поголема.
Намирници кои содржат витамини од групата Б
Витамини од групата Б се присутни во многу животински и растителни намирници (на пр. риба, производи од црн дроб, млечни производи, интегрални производи, брокула, спанаќ или кељ). Исклучок е витамин Б12, кој во растителните намирници е присутен во исклучително мали количини, но во организмот за разлика од другите витамини растворливи во вода може да го складираат.
На што треба да се внимаваме?
Недостатокот на витамини од групата Б е многу редок, но често се појавува кај одредени облици на диета. Посебно кај бремените жени и мали деца со веганска и вегетаријанска исхрана се јавува недостаток на витамин Б12, кој е присутен само во животинските производи.
Цинк
Зошто е важен во првата година на бебето?
Кај бебињата, цинкот е исклучително важен бидејќи учествува во растот на клетките и производство на генетски материјал (ДНК). Како составен дел на повеќе од 300 ензими учествува практично во сите метаболни процеси-го регулира метаболизмот на шеќерите, мастите и протеините, како и ацидо-базната рамнотежа. Недостаток на цинк може да биде причина на заостанат раст. Други значајни промени при недостаток на цинк може да бидат поголема склоност на инфекции, бавно зараснување на рани, опаѓање на коса, сува кожа и кршливи нокти.
Што е цинк?
Цинкот е елемент кој е присутен во секоја клетка од човековиот организам. Исто така е важен за добро функционирање на имунолошкиот систем и за здрави коски, кожа, коса и нокти. Најмногу цинк се наоѓа во коските (приближно 70 %).
Намирници кои содржат цинк
Покрај црвеното месо и сирењето, цинкот исто така го содржат и растителните намирници, на пр. пченични никулци, овесни трици и овесни снегулки, печурки, масло од семе од жалфија, бразилски ореви, сусамово и маково семе, сончогледови семки, какао, грав и леќа.
На што треба да внимаваме?
Цинкот најчесто се наоѓа во храната од животинско потекло, поради тоа кај вегетеријанци и вегани постои поголем ризик од недостаток на цинк. При прекумерно земање на додатоци во исхрана со цинк можен е недостаток на железо и бакар, бидејќи цинкот влијае на вредностите на двата елементи во човековиот организам. Се манифестира со болки во желудник, црева или со покачена телесна температура.
Витамин Ц
Зошто е важен во првата година на бебето?
Во рано детство, витаминот Ц е исклучително важен за зајакнување на имунолошкиот систем, бидејќи кај децата сеуште се развива. Витамин Ц исто така допринесува во создавање на колаген, кој е важен составен дел од врзивното ткиво, 'рскавица и коски, со што се обезбедува цврстина, што е важно за време на забрзаниот раст. Како антиоксидант го намалува дејството на слободни радикали кои може да предизвикаат одредени болести, на пр. карцином. Болести како артритис, алергии, атеросклероза и чести инфекции кои можат да бидат поврзани со благи до тешки недостатоци на витамин Ц.
Што е витамин Ц?
Витамин Ц или аскорбинска киселина е витамин растворлив во вода, има голем број на функции во нашето тело, поради што е исклучително важен за одржување на нашето здравје, особено за нашиот имунолошки систем.
Намирници кои содржат витамин Ц
Во храната, витаминот Ц првенствено е присутен во овошјето и зеленчукот, како што се пиперката, киви, шипка, брокула, зелка, анасон, магдонос и зелен лиснат зеленчук.
На што треба да внимаваме?
Витаминот Ц е чувствителен на обработка и важен е и начинот на чување на храната. Витаминот Ц се уништува со загревање на храната, особено ако долго се готви.
Калциум
Зошто е важен во првата година на бебето?
Калциумот е важен минерал за создавање на коските и забите. Ја регулира конверзијата на нервните импулси во мускулната активност и го регулира правилното функционирање на работата на срцето, бубрезите и белите дробови. За време на доење и рано детство, на телото му е потребно повеќе калциум за раст и никнување на запчињата. Недостаток на калциум кај децата го забавува растот и предизвикува искривување на коските. Првите знаци на недостаток се чувство на пецкање, вкочанетост и намалена осетливост на допир, грчеви во мускули или промени на кожата, пр. сува кожа и егзема. Калциумот ја намалува и појавата на воспаленија и алергии.
Што е калциум?
Калциумот е најчестиот минерал во организмот. Нашиот организам складира резерви на калциум во коскеното ткиво во случај на недостаток. Покрај веќе споменатите улоги, калциумот има и посебна улога во згрутчувањето на крвта.
Намирници кои содржат калциум
Особено голема количина на калциум има во млечните производи, на пр. тврди сирења (ементал, пармезан, гауда итн) и меките сирења (моцарела, камебер). Консумирање меки сирења во бременоста не се препорачува бидејќи постои опасност за плодот од инфекција со бактеријата листерија. Производите кои не содржат многу маснотии имаат иста количина на калциум, како и производи богати со маснотии. Калциумот се наоѓа и во некои видови на зеленчук: брокула, кељ и анасон. Минерална вода (која содржи повеќе од 150 мг/л калциум) е погодна за покривање на потребите со калциум.
На што треба да внимаваме?
Препорачан дневен внес на калциум на мајки кои дојат изнесува 1000 мг/ден. Преголем внес на калциум во организмот се исфрла преку фецесот. Дозволената горна граница на внес на калциум изнесува 2500 мг калциум на ден. Границата се однесува на возрасни жени, трудници и доилки. Поради недостаток на податоци, горната граница за новороденчиња и деца не е дефинирана.
За Novalac
- Капсули од последна генерација, за жени кои планираат бременост, бремени и жени кои дојат.
- Комплетна линија на високо-квалитетни млечни формули за оптимален раст и развој на бебињата.
- Млечните формули Novalac се докажано ефикасни во решавање на најчестите проблеми кои ги имаат бебињата: грчеви, регургитација, алергии, чест глад, запек.
- Млечните формули Novalac
Важно известување: мајчиното млеко е најдобрата храна за доенчињата. Млечните формули се употребуваат само по препорака на стручно лице од областа на медицината, фармацијата, исхраната или друго стручно лице кое е одговорно за грижа на мајката и детето.