Чувството кога ќе станеш свесна дека во тебе расте нов живот е непроценливо. Пред тебе се прекрасни месеци кои засекогаш ќе остават трага во твоето срце и меморија.
Иако почнуваме да ја сметаме возраста од денот на раѓањето, мораме да мислиме и на здравиот развој уште многу порано. Најважните 1000 дена на детето започнуваат од раѓањето и траат се до втората свеќичка на роденденската торта. Разновидна и урамнотежена исхрана за време на бременоста е од суштинско значење за безгрижна бременост и здрав развој на Вашето бебе.
Клучни хранливи материи и нивната улога во развојот на бебето
Фолна киселина
Фолна киселина
Зошто е важна за време на бременост?
Во првите 4 недели од бременоста е неопходна за правилно затворање на невралната цевка која претставува дел од фетусот кој се развива во мозок, 'рбетен мозок, задниот дел на черепот и пршлените.
Жената дознава дека е бремена најчесто во 4-та недела, затоа таа мора да обезбеди доволен внес на фолати уште за време на планирањето на самата бременост. Подоцна, фолатите се многу важни за формирањето на крвните зрнца и коскената срцевина, а за време на доењето мајката превенира појава на анемија со земање на фолна киселина.
Што е фолат или фолна киселина?
Фолатот припаѓа во групата на витамини Б, посебно на Б9. Од друга страна, фолната киселина е синтетички добиен облик на витамин Б9, кој често се користи за замена на фолати со додатоци во исхрана, кога внесот на фолати е особено важен и зголемен.
Намирници кои содржат фолна киселина
Добри извори на фолати се зелениот зеленчук, особено лиснатиот зеленчук како спанаќ и зелена салата, потоа домати, мешунки, јаткасти плодови, портокали, семиња од пченица, интегрални производи, компир и јајца.
На што треба да внимаваме?
Дневните потреби за фолати кај бремените жени и доилките се зголемени и изнесуваат 600 µg. Бидејќи е тешко да се задоволат зголемените потреби со редовна исхрана, експертите препорачуваат дополнително внесување на фолати преку додатоци во исхрана.
Сепак, не се сите додатоци на фолна киселина исти. Одредени поразвиени додатоци во исхрана содржат фолна киселина во активна форма. Тоа значи дека внесувањето на фолна киселина во организмот не мора да поминува низ процеси кои ќе ја направат “корисна“ туку веќе се консумира во активна форма. На овој начин, организмот комплетно ја искористува фолната киселина. Покрај избор на производ со активна фолна киселина, исто така е важен и квалитетот на производот. Секогаш можете да се консултирате со Вашиот гинеколог или фармацевт во аптека од кои ќе добиете стручен совет.
Доколку земеме поголема количина на фолна киселина, вишокот на фолна киселина се излачува преку урина. Вкупната безбедна доза изнесува 1000 µg.
Јод
Јод
Зошто е важен за време на бременост?
Правилно снабдување со јод е особено важно во бременоста, бидејќи потребите за јод се зголемени за 15%. Јодот има улога во контролирање на растот на бебето, формирањето на коските и развојот на мозокот. Недостаток на јод може да доведе до кретенизам. Поради зголемената потреба на јод, се препорачува додавање на 100–150 µg јод со додатоци во исхрана за време на бременост.
Што е јод?
Јодот спаѓа во елемент во трагови. Претставува составен дел од хормоните на тироидната жлезда и има улога во функцијата на метаболизмот. Јодот во телото се внесува првенствено преку храната, а содржината на јод во исхраната значително се разликува во зависност од средината.
Намирници кои содржат јод
Јодот во големи количини е присутен во морска риба, млеко и млечни производи, морски алги и останати морски плодови. За да се спречи недостаток, во кујнската сол се додава јод.
На што треба да внимаваме?
Поголема количина на јод не можеме да внесеме при употреба на кујнската сол. Консумирање на алги и производи од алги во бременоста не се препорачува, бидејќи иако содржат големи количини на јод, исто така содржат и арсен и останати штетни супстанци и затоа нивната употреба за време на бременост не се препорачува.
Желез
Железо
Зошто е важно за време на бременоста?
За време на бременост, железото помага за здрав физички и ментален развој на фетусот и за формирање на плацентата. Потребите за железо кај бремената жена се зголемени за 20%. Недостаток на железо во бременоста го зголемува ризикот од предвремено породување и ниска телесна тежина при раѓање. Многу е важно дневниот внес на железо кај здрава бремена жена да биде приближно 16 мг/ден.
Што е железо?
Железото е минерал кој има важни функции во организмот, како што е пренос на кислород и формирање на црвени крвни зрнца.
Намирници кои содржат железо
Црвено месо (говедско, јагнешко), внатрешни органи, мешунки (леќа, грав, грашок), јаткасти плодови и семиња, производи од интегрални житарици, анасон, зелка.
На што треба да внимаваме?
Кога станува збор за железото, важно е дневниот внес да биде приближно 16 мг/ден, бидејќи преголем внес на железо може да предизвика предвремено породување или помала телесна тежина кај детето при раѓање. Преголем внес на железо преку храна е практично невозможен. Сепак, треба да внимаваме, особено кога се користат лекови со поголеми дози на железо.
Омега-3 масна киселина DHA
Омега-3 масна киселина ДХА
Зошто ДХА е важна за време на бременоста?
Внесот на ДХА преку мајката помага за нормален развој на мозокот и видот на детето. Недостаток на ДХА може да доведе до зачестеност на алергии, атописки дерматитис и астма кај детето, но исто така може да се зголеми и ризикот од предвремено породување.
Што е омега-3 масна киселина ДХА?
Масните киселини учествуваат во изградбата на клеточните мембрани и бројни хормони. Тие исто така претставуваат важен извор на енергија. Омега-3 масни киселини се есенцијални масни киселини, што значи дека организмот не може да ги произведе и затоа е потребно да ги внесеме преку соодветна исхрана.
Намирници кои содржат омега-3 масни киселини
Омега-3 масни киселини и омега-6 масни киселини се наоѓаат во мајчиното млеко, растителните масла (на пр. масло од репка, масло од орев, ленено масло), јаткасти плодови (на пр. ореви) и семки. ДХА исто така се наоѓа и во рибино масло или морски риби богати со масти.
На што треба да внимаваме?
Се препорачува бремените жени кои не консумираат (редовно) морска риба богата со масти, дополнително да земаат додатоци во исхрана богати со ДХА.
Витамин Д
Витамин Д
Зошто е важен за време на бременост?
Поради забрзаниот раст на детето, исклучително е важен во бременоста, но има и главна улога во градбата на коските, мускулите и забите. Исто така, го зголемува имунолошкиот одговор во борбата против инфекции, ги штити нервните клетки во мозокот, позитивно влијае на кардиоваскуларниот систем и штити од одредени малигни заболувања. При недостаток на витамин Д за време на бременоста може да се зголеми склоноста кон инфекции, покачување на крвниот притисок и да се зголеми ризикот од предвремено породување.
Што е витамин Д?
Витаминот Д е растворлив во масти, што значи дека во телото се складира во залихи. Најчесто го добиваме со изложеност на сончевите UV-B зраци. Ние добиваме само 10 % на витамин Д преку исхрана.
Намирници кои содржат витамин Д?
Морски риби богати со масти како што се бакалар, јагула, скуша или туна, потоа млеко, путер, жолчка, квасец, авокадо и говедски црн дроб.
На што треба да внимаваме?
Предозирање со витамин Д е можно само доколку долготрајно се внесуваат препарати со витамин Д.
Важно известување: мајчиното млеко е најдобрата храна за доенчињата. Млечните формули се употребуваат само по препорака на стручно лице од областа на медицината, фармацијата, исхраната или друго стручно лице кое е одговорно за грижа на мајката и детето.